Warning: fsockopen() [function.fsockopen]: unable to connect to 193.0.6.135:43 (Connection refused) in /home/nabbamac/public_html/administrator/components/com_joomlastats/count.classes.php on line 1038

Warning: fsockopen() [function.fsockopen]: unable to connect to 200.3.14.10:43 (Connection refused) in /home/nabbamac/public_html/administrator/components/com_joomlastats/count.classes.php on line 1038

Warning: fsockopen() [function.fsockopen]: unable to connect to 196.216.2.20:43 (Connection refused) in /home/nabbamac/public_html/administrator/components/com_joomlastats/count.classes.php on line 1038
01
02
03
04
05
06

STADIUM SEATS

Chairs for stadiums - Plastic

Chairs for stadiums - Semi-upholstered

Cinema chairs and VIP-chairs

Theatre chairs and chairs for conference halls

Waiting area chairs

Legal Notice RTV Nabba Macedonia Electrolux

Documents

Order by : Name | Date | Hits [ Ascendant ]

STATUT  RTV NABBA MACEDONIA ELECTROLUX STATUT RTV NABBA MACEDONIA ELECTROLUX

hot!
Date added: 26/10/2018
Date modified: 13/05/2019
Filesize: 688.58 kB
Downloads: 172
Врз основа на член 18, 31 и 104 од Законот за здруженија и фондации "Службен Весник на РМ" бр.52/2010, Собранието на Асоцијација за глобален развој, натпреварување и едукациска мисија,  инвестиции и иновативни дизајни на технички достигнувања на апарати за домаќинство, професионална опрема, компјутери,коморско работење,сончева енергија,ветерници, нерѓосувачки челик, сервис, индустриски четки, палензо, вмф, гумени производи, електрични грејачи, правосмукалки, иробот,  нилфиск, е-шоп, електролукс, дизајн лаб, веб дизајн, облак, онлајн, експо, мац, фринко, мариово, еуролукс, клималукс, мацкозметика, санитаире, кетеринг, локум битола, ракотворби, климафилиа, интернет услуги, спорт, академија, консултантски услуги за заштита на трговски марки и патенти, изработка на логоа, кооперации, изработка  на рејтинзи, елаборати, радио, интернет провајдер со компјутерски сервери, изработка на проекти за маркетинг Групација за Мултимедиско Продукциска Заедница РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола, или скратено РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола  одржа седница на 08.04.2017 година и го донесе следниот пречистен текст на:

 

 

С Т А Т У Т

 

Член 1

 

Асоцијација за истражување на глобален развој , натпреварување, едукациска, мисија,   иновативни дизајн лаб на технички истражувања на апарати за домаќинство и професионална опрема, обновливи извори на енергија, челици, вмф, истражување на производи од гума и електрични грејачи, иробот, нилфиск, мац, фесто дидактик ,еколошки регион мариово, еуролукс, клималукс, мацкозметика, хемиски средства, ракотворби, спорт, академија, логоа за веб ,  интернет технологија со компјутерски сервери, истражување на пазари за радио маркетинг групација за мултимедиско продукциска заедница РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола,  или скратено РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола е здружение на граѓани кое ги собира спортистите, културните уметници и другите граѓани здружени во РТВ  НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола заради задоволување и заштита на нивните интереси и потребите од областа на спортот и културата.

 

 

Член 2

 

Работата на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола е ЈАВНА, резултатите и учесниците на натпреварувањата и фестивали на членовите ќе бидат објавени преку јавните гласила (Весник, радио, ТВ, спортски весници) и преку извештаите на Републиката, Членовите на Клубот писмено ќе бидат известени и информирани за сите активности на Клубот, календарот на натпревари и фестивали на култура  на натпреварување состаноци на претседателството и собранието.

 

 

 

 

 

 

 

Член 3

 

Име и седиште:

Име на Здружението: Асоцијација за истражување на глобален развој , натпреварување, едукациска, мисија,   иновативни дизајн лаб на технички истражувања на апарати за домаќинство и професионална опрема, обновливи извори на енергија, челици, вмф, истражување на производи од гума и електрични грејачи, иробот, нилфиск, мац, фесто дидактик ,еколошки регион мариово, еуролукс, клималукс, мацкозметика, хемиски средства, ракотворби, спорт, академија, логоа за веб ,  интернет технологија со компјутерски сервери, истражување на пазари за радио маркетинг групација за мултимедиско продукциска заедница РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола

- Скратен Назив – РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола

- седиште: Ул. Браќа Мингови бр. 18 – Битола

Член 4

 

Обележје на организацијата:

- Амблем на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола е во три форми правоаголна форма со жолто-бела основа на долниот дел стои стои NABBA MACEDONIA ELECTROLUX, а над него заштитен знак и  амблем со кружна форма во кој е испишано 1984 Electrolux и до него MAC COSMETICS во правоаголна форма со црни букви која претставува МАЦ КОЗМЕТИКС. И тие се користат за претставување на нивните активности.

,

- Знамето на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола е со димензија 110-70 цм и е плаво со бела боја, а буквите се со бела боја.

 

Член 5

 

Организацијата има печат и штембил

-печатот на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола има форма во пречник од 32 цм, по надворешниот раб е текстот на организацијата.

-Штембилот на Организацијата има правоаголна форма во текстот со место дата и број.

 

Член 6

 

РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола  ги остварува следните цели и задачи:

РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС ги остварува следните цели и задачи преку: организирање на фестивали или други форми на презентација и едукација со цел успешна реализација на следните:

- услуги што пред сè, се нестопански и што не се во конкуренција  со радио или телевизиското емитување, како што се приватните интернет страници и услуги што се состојат од обезбедување или дистрибуција на аудиовизуелна содржина создадена од приватни корисници за споделување и размена во рамки на заедници од интерес;

-       Истражувања услуга на пренос, односно дистрибуција на програми за кои уредувачката одговорност ја имаат трети лица;

-       било каква форма на приватна комуникација, како што е електронска пошта испратена до ограничен број примачи;

-       Истражувања услуги чијашто примарна цел не е обезбедувањето на програми, т.е. каде што секоја аудиовизуелна содржина е само случајна за услугата и не е нејзина примарна цел како што се интернетските страници што содржат аудиовизуелни елементи само на помошен начин, како што се анимирани графички елементи, куси рекламни спотови или информации поврзани со некој производ или неаудиовизуелна услуга, пребарувачи, електронски верзии на весници и магазини, самостојните текстуално базирани услуги.

-       Истражување и развој  на консултантски услуги за заштита на трговски марки и патенти, дизајнерски услуги за истражување на клиентите  за квалитетните  брендови и патенти во македонија и надвор од неја .

-       Истражување и развој  за глобален развој на  висока технологија  и пнеуматика хидраулика  роботика за домакинство апарати и професионална опрема  и индустрија , натпреварување и едукациска мисија од Фесто Дидактик и советување и истражување  на сервисните услуги

-       Истражување и развој  за глобален развој  на технички достигнувања    во организирање   и заштита  но занаетчии и работодаваци натпреварување  во занетчиството на ЕСНАФ и фирми ,во религиите и народите за единство и толерантност и почит во секојдневниот  живот едукациска  мисија

-       Истражување и развој за глобален развој на иновативни дизајни на технички достигнувања  на нерѓосувачки челик ,бронза,алуминиум, индустриски четки, четкици, сигурносни пломби

-       Истражување и развој  за глобален развој на иновативни дизајни на технички достигнувања и развој семинари,публицирање на бредновите во Македонија,

-       Истражување и развој  за глобален развој на иновативни дизајни на технички достигнувања  на гумени производи  и електичните грејачи  штетни влијанија од нив  за граганите и околината и заштита на  општеството и граганите и превземање на заштита,

-       Истражување за глобален развој на иновативни дизајни на технички достигнувања  за работењето  на правосмукалки и здрава чиста  средина   и  едукација на граганите од  штетни  дејствија од  штетни честички и заштита на околината  и обновлива енергија и природни реусрси.,

-       Истражување и развој  за глобален развој и иновативни дизајни на технички достигнувања на сите апарати за домаќинство, професионална опрема  за дизајн лаб, студенски натпревари на домашно и интернационално ниво за  дизајнирање на опрема и апарати за домакинство и нивна иновативна примена  достигнувања   и развој  на   роботиката  и  ваерлес  системите  и  иробот иновации и нивното зрачење и штетни влијанија кон лугето. со користење  на  електронските  шопови   и негативните и  позитивни  реакции  од  граганите  за  е-шоп и  анализа   за  подобара комуникација  ,

-       Истражување и развој за глобален развој на иновативни дизајни на технички достигнувања на апарати за домаќинство, професионална опрема  за хостирање  на податоци во  облак во интернет во  етерот и компјутерската  практика и хостирање, во етерот на ЕКСПО МАКЕДОНИЈА и Мултимедиско Продукциска Заедница со комуницаија на виртуелен начин  со   граганите  и анализа  на истражувачки  реитинзи  и развојни алаборатини ситеми  на  пазарот  со организирање  на   фестивали  и  натпревари   за локумбитола,

-       Истражување и развој  за глобален развој на иновативни дизајни на технички достигнувања на апарати за домаќинство, професионална опрема за  фрижидери  Фринко, ВМФ хотели, Електролукс Дизај Лаб, Клима Филиа , Еуролукс, Клималукс. Nилфиск Адванце и Алто, Електролукс , Мариово и други брендови и анкети за нивни технички недостатоци и позитивни дејствија од нив,

-       Истражување и развој  за глобален развој и помош за советување за развој и дизајни на технички достигнувања , совети  за  рестартирање  на Екoлошкиот Регион  Мариово  во Руралниот Развој и Историјата  во подршка од Влада на Р.М и нивните министерства

-       Истражување и развој  за глобален развој на  високи иновативни дизајни на технички достигнувања во козметиката  убавина  и  пролепшавање  на  граганите со козметички едукации и семинари  Мац Косметика, козментички  центри  за совети  “М-А-С”,организирање  на фестивали  и  натпревари со македонски ракотворби и традиција ,  анализа  и дегустација со препарати  со  саниратни прашкасти  чистачки   центри за хемиски-санитарни  едукации  и совети за заштита  на грагаите , анализа со  опслужување на  грагани  во   центри на храна и пијалоци ,

Истражување и развој  за глобален развој на иновативни дизајни на технички достигнувања  на  граганите  со  опслужување на  грагани  во фестивали  и  натпревари  на  практиканти грагани  фестивали  и  натпревари  и  академија семинари за  обуки на  практиканти  и дизајнирање  на логоа за веб дизајн  на  веб портали  и  коопериранје и соработка со исти вакви асоцијации во македонија и надвор од неја со исти цели и задачи,  и натпревари  на други  не спонатаи дејности во непрофитабилна  дејност.  сите цели  кои се спомнати  и  пред сè , се нестопански ,непрофитабилни  и се во  согласно со законите.

Член 7

 

Членството во РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола е доброволно. Член може да биде секој граѓанин кој е државјанин на Р. Македонија кои имаат престој во Р.М. да спортуваат и го развиваат спортот и културата со кој не спротивно на Уставот на РМ.

 

Член 8

 

Членовите можат да бидат: Редовни, Помагатели, Почесни членови, Подмладок.

Редовни членови се фитнес и аеробик спортисти. Помагатели - членови можат да станат физички и правни лица кои материјално сакаат да го помогнат развојот на НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола. Почесни членови можат да бидат физички и правни лица кои за основни заслуги во остварувањето на целите и задачите на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола ќе ги прогласи собранието или претседателството.

Членови подмладок се деца или младина до 15 год.

 

 

Член 9

 

Членовите на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола ги имаат следните права:

- да ги користат услугите на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола за заштита на своите права во републиката и странство.

- да бидат навреме информирани за календарот на натпревари и фестивали во републиката и странство.

-да бидат избирани во органите на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола.

 

Обврска на членовите на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола:

- редовно да ја плаќаат членарината

- да го подигаат и чуваат угледот на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола

- да го почитуваат статутот и другите правилници на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола

- Да се воздружуваат од секакви политички делувања во спортот сите сме исти без раса и вера.

 

Член 10

 

Својство на член може да се изгуби со истапување, неплаќање членарина, навреда на членови на организацијата, настанување на натпревари без дозвола од претседателството.

 

Член 11

 

За повредите на членската должност од овој статут постапката ќе ја води и мерките ги изрекува дисциплинска комисија, именувана по потреба од претседателството на собранието на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола.

Во составот на дисциплинската комисија не можат да бидат членови на претседателството. Начинот на работа, именувањето и разрешувањето на членовите на дисциплинската комисија се утврдува со правилник кој го донесува претседателството.

 

Член 12

 

РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола донесува Статут, има својство на правно лице, а го стекнува со упис во регистрација на надлежни органи.

 

ОРГАНИ НА НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС

 

Член 13

 

Собрание

Собранието е највисок орган на управување на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола и го сочинуваат сите членови на асоцијацијата, физички и правни.

Органи на Собранието:

- Претседателство

- Надзорен орган

Со одлука на избор на членови, собранието на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола го утврдува бројот на членови што го сочинуваат претседателството и нивниот начин на избор. (мандатот на членовите на претседателството трае 4 четири години)

 

Член 14

 

Собранието работи на седници. Работни седници одржува еднаш годишно. Седница на собранието свикува претседателот на собранието на организацијата по одлука на претседателството кој  ја донесува по сопствена иницијатива и барање на:

- Надзорен одбор

-На најмалку една петтина од членовите на собранието.

Изборни седници секои четири години. Вонредна седница на собранието може да се одржи по писмено барање од една третина од членовите на здружението. Вонредната седница на собранието се одржува најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за одржување.

Собранието го верифицира изборот на членови на претседателството:

Ги избира и отповикува членовите на претседателството и надзорниот одбор

Го избира и отповикува претседателот на организацијата.

Ги разгледува извештаите и одлучува за работата на претседателството и надзорниот одбор.

Донесува седници, програми и планови за основање на целите и задачите

Го донесува, менува и дополнува статутот

Донесува финансиски план, ја усвојува завршната сметка

Одлучува за престанок на работата на организацијата.

Донесува деловник за работа.

 

Член 15

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО

Претседателството е извршен орган на собранието со мандат од четири години. Бројот на членовите го утврдува собранието. Членовите се избираат на четири години од членовите на собранието.

 

Член 16

 

Седница на претседателството се одржува по потреба, а најмалку двапати годишно. Седницата ја свикува и со неа претседава претседателот на организацијата или лице кое ќе го овласти претседателот на организацијата. Челниците на собранието се свикуваат на барање на надзорниот одбор на најмалку 1/5 од бројот на членовите на собранието.

 

Член 17

 

Претседателство:

Ја извршува програмата, заклучоците и седниците на собранието.

Ја утврдува програмата за работа.

Го утврдува предлогот за финансиски план.

Именува и разрешува членови на работни тела и дисциплинска комисија но не од членови на претседателство.

Донесува правилник за награди и надоместување на трошоци на натпреварување на натпреварувачите.

Врши и други работи кои со статутот или другите општествени акти не се ставени во надлежност на други органи.

 

 

 

Член 18

 

Претседателството ги има следните работни тела:

Комисија за организација, развој и членство, пропаганда и информации, организационен комитет за организирање на републички натпревари и фестивали , меѓународни и светски.

Техничка комисија

Комисија за финансиски прашања

Тренерски комитет

 

Член 19

 

Надзорниот одбор има 3 три членови кој ги избира собранието со мандат од четири години. Седниците на надзорниот орган се одржуваат по потреба а најмалку еднаш годишно.

 

 

 

 

Член 20

 

Надзорниот одбор врши надзор:

На спроведување на статутот и другите општи акти.

На спроведување на заклучоци, одлуки и седници на собранието, претседателството и комисиите.

На материјалното и финансиското работење.

Надзорниот одбор за своето работење донесува деловник.

 

 

Член 21

 

Собранието, претседателството, надзорниот одбор полноважно работи ако се присутни повеќе од половината од вкупниот број на членови , а одлуките се донесуваат со мнозинство од присутни.

Член 22

Претседател:

- претседателот на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола го избира собранието со мандат од четири години.

- претседателот ги свикува и претседава седниците на собранието и претседателството.

- го претставува и ја застапува организацијата

- именува секретар и благајник

- наредбодавател е за извршување на финансискиот план.

- врши и други работи во рамките на неговото овластување.

- претседателот може да ги разреши секретарот и благајникот ако не ги извршуваат задачите.

Секретар:

-се грижи за спроведување на одлуките и заклучоците на собранието, претседателството и други работни тела.

- се грижи за информирањето на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола.

- Секретарот на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола го застапува во имотните и другите правни форми

 

Член 23

 

Средствата кои ги користи за РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола  за остварување на своите цели и задачи се остваруваат на следниот начин:

-дел од приходи од чланарина и членски карти

- приходи од спонзори и реклама

- приходи од  донатори

- останати приходи

Начин на располагање и користење на средствата:

Средствата од од организацијата ќе се користат за надомест на трошоци на своите членови на натпреварите. Висината на надоместок ќе го одредува претседателството и тоа ќе располага со средствата од организацијата, за оваа намена ќе биде изготвен правилник за награди надоместоци на трошоците на членовите на организацијата и натпреварувачите и учесниците на Фестивалите и Развој на Талентирани Уметници и Спортисти и Степендиранје на Нив.

Ова овластување може да го пренесе и на друго лице согласно со одредбите на Статутот за донесување Одлуки.

 

Член 24

 

За престанок со работа на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола одлучува собранието со најмалку две третини на гласовите од вкупниот број на членови.

Престанокот на работа може да биде под следните услови:

- Кога бројот на членови се намали под потребниот број на лица за основање на организацијата.

- Кога за тоа одлучат членовите.

- Поминато двојно повеќе време од времето предвидено за одржување на седница на

највисокиот орган утврден со статутот, а таа не е одржана,

- Во две последователни години не е поднесена завршна сметка во согласност со закон,

- Истечено е времето определено со статутот, кога основањето на организацијата е за

определено време,

- Статусна измена која предвидува престанок на постоењето,

- Донесена одлука на надлежен суд,

Член 25

 

РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола  јавните овластувања ги врши посредно во единствен систем на Р.МАКЕДОНИЈА, сите настапи се јавни.

 

Член 26

 

За измени и дополнувања на овој Статут одлучува собранието со двотретинско мнозинство од вкупниот број на членови на собранието.

Иницијатива за измени и дополнување на статутот на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола може да поднесат:

- претседателството

- надзорен одбор

- најмалку една третина од членовите

 

 

 

 

Член 27

 

РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола  може да се зачленува во меѓународни асоцијации кои се занимаваат со иста дејност и можат да земат учество во согласност со прописите на Р. Македонија.

 

 

Член 28

 

Толкување на одредбите на овој статут дава претседателот.

 

Член 29

Награди и признанија:

Во знак на благодарност за постигнати резултати во спортот на натпреварувачите му се доделуваат признанија и на спортски работници (тренери) и на лица кои дале финансиска и морална поддршка.

Член 30

 

Претседателот на РТВ НАББА МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРОЛУКС Битола ги пријавува и селектира учесниците кои ќе се натпреваруваат и Учествуваат на Фестивалите  на сите натпреварувaчи и уметници или во Републиката и надвор од неа и никој натпреварувач и уметник не смее да присуствува на ниедно натпреварување без дозвола на претседателството.

 

 

Член 31

Овој статут влегува во сила од денот на неговото донесување.

 

Член 32

Во случај на престанок на работата на организацијата, средствата што остануваат по намирување на обврските, се користат на начин утврден со член 23 од статутот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Претседател

Димче Палензо Електролукс

 

 

Битола

08.04.2017

Presuda za RTV NABBA MAKEDONIJA ELECTROLUX i Electrolux AB  ТС-2-16 Presuda za RTV NABBA MAKEDONIJA ELECTROLUX i Electrolux AB ТС-2-16

hot!
Date added: 27/09/2018
Date modified: 27/09/2018
Filesize: 179.1 kB
Downloads: 131
<< Start < Prev 1 2 Next > End >>
Page 1 of 2